Microsoft Robotics Studio – Роботите доаѓаат

Септември 2, 2009 во 23:59 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Вовед

Роботиката веќе некое време не се смета за научна фантастика туку за сериозна научна и индустриска гранка со огромен потенцијал и забрзан раст и развој. Ако пред 30-тина години роботите беа само во филмовите, а пред една декада со нив можеа да се пофалат само големите фабрики во развиените земји, денес ситуацијата е сосема поинаква. Роботите се насекаде околу нас, се користат за извршување разно-разни работи по дома, во дворот, некои ги користат како реквизити за забава, а други пак дури и како домашни миленици.

Производителите на хардвер и софтвер за контрола и програмирање на роботи, одеднаш во младите студенти, ученици и ентузијасти открија нови клиенти кои со широко раширени раце ги прифатија се подостапните пакети кои покрај физичките делови, вклучуваа и софтверски платформи за програмирање на однесувањето и функционирањето на самите роботи. Меѓу нив беше и Microsoft со своето Microsoft Robotics Studio.

Microsoft Robotics Studio

Microsoft Robotics Studio е равојна околина наменето за едукација, забава и комерцијална употреба која овозможува едноставно програмирање на најразлични видови на роботи. Испрограмираното можете да го аплицирате на вистински модел на робот или да го симулирате во самата апликација, во тридимензионлна околина.

Главни предности на кристењето на Microsoft Robotics Studio-то како развојна околина се:

· Комплетност на развојната околина. Microsoft Robotics Studio-то вклучува визуелна програмерска алатка, која овозможува едноставно и ефикасно тестирање на софтверот за роботи. Во случај доколку не поседувате соодветен харвер, на програмерот му е овозможено да ги тестира своите апликации во симулирано тридимензионално опкружување.

· Едноставна сервисно-ориентирана програмска платформа. Оваа аритектура совршено го пресликува хардверскиот проблем, низа на мотори кои треба да реагираат на различните отчитувања од сензорите, во софтверски проблем на поврзување на низа на сервиси кои меѓусебно комуницираат. Сервисно-ориентираната архитектура воедно овозможува едноставно и ефикасно програмирање на комплексни функции преку комбинирање и спојување на едноставни функции.

· Надградлива и пренослива програмска платформа. Програмскиот модел овозможува програмирање на најразлични роботи на едноставен начин, со што стекнатото знаење добива на универзалност. Постоечката платформа може лесно да се прошири со додавање на нови сервиси кои овозможуваат програмирање на специфични хардверски компоненти.

За да може да започнете со креирање и тестирање на вашиот прв робот потребно е претходно да ги исполните следните минимални побарувања:

· Персонален компјутер со Pentium IV процесор на 1,7 GHz, компјутер еквивалентен со овие перформанси или подобар

· Microsoft Windows Vista или Microsoft Windows XP SP2

· Microsoft robotics Studio 1.0 или понова верзија

· 512 MB RAM, иако препорачуваме барем 1GB

· Графичка картичка која поддржува резолуција од 1024х768 и монитор во боја

· CD-ROM или DVD-ROM читач

· LEGO MINDSTORMS NXT робот (како опција може да користите и симулирана околина, но во тој случај се неопходни поголеми хардверски перформанси на системот.

· Paralax Boe-Bot робот

како и администраторски пристап на системот на кој сакате да го инсталирате пакетот.

Microsoft Robotics Studio во образовниот процес

Локалната канцеларија на Microsoft во Македонија во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, изработија прирачник за работа со Microsoft Robotics Studio, се со цел оваа интересна и научна дисциплина, да стане составен дел од образовниот процес во училиштата во Македонија. Ова упатство е првенствено наменето за професорите и учениците во средните училишта како и за проферорите и учениците од повисоките одделенија во основните училишта. Очекувањата се дека ќе им биде исклучително интересна на сите оние кои се занимаваат со компјутери и техника како хоби, а посебно на оние кои покрај тоа се и страствени љубители роботите и роботиката. Курсот за работа со Microsoft Robotics Studio, претставува веб-ориентиран наставен план локализиран од „Партнери во учењето“ на Microsoft во Македонија.

Тематски е поделен во неколку поглавја. На почетокот е запознавањето со VPL – алатка за визуелно програмирање, а веднаш после тоа и детален опис на нејзините функции и составни делови, како и начинот на кој може да програмирате со нејзина помош. Бидејќи овој курс е за роботите, следи поглавје во кое се опишуваат детално основните делови на роботите, како и видовите кои што ќе се користат во обуката. Последните поглавја се однесуваат на програмирањето на истите. Прво со помош на VPL, а подоцна и со Microsoft Visual Studio и со програмскиот јазик C#.

Ова упатство е достапно за секој заинтересиран и можете да го преземете овде.

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Blog at WordPress.com.
Entries и коментари feeds.